0 коментари 1 мин. читање

Праќајте имејл атачменти во Dropbox со Send to Dropbox

По 2 ипол години на „хакирање и поправање“ Ралф Холцман ја објави новата верзија на Send To Dropbox, која сега вклучува и Premium профили. Преку овој едноставен сервис можете да си праќате имејл атачменти директно да ги складирате во облакот.

Dropbox се покажа како одлично и корисно веб складиште во кое може да закачите фајлови и фотографии, и да ги симнете од било кој компјутер од било каде. Тоа што му недостасува на сервисот е секако брзо закачување на фајлови од имејл пораки во веб скадиштето. Тука доаѓа Send to Dropbox кој сега е поефикасен, вели г. Холцман, со автоматско одзипување на фајлови, и профили кои можат целосно да бидат избришани. Send to Dropbox е навистина едноставен. Добивате адреса на која и праќате атачмент преку имејл и истиот фајл, за само секунди буквално, ќе биде закачен во фолдер во Dropbox.

Сервисот е бесплатен, но има и Premium профили за 3 долари месечно кои нудат персонализирана адреса, повеќе адреси и бела листа преку која се добиваат атачменти само од одредени адреси.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top