Ubuntu за таблет компјутери доаѓа со мулти-таскинг и енкриптирани податоци

во Софтвер, Хардвер

Canonical најави дека Ubuntu за таблет компјутерите ќе биде претставен на Mobile World Congress кој ќе се одржи од 25 до 28-ми февруари. Првите уреди кои ќе можат да користат Ubuntu се Nexus 7 и Nexus 10 таблет компјутерите на Google.

Тоа што е најавено во Ubuntu таблетот е можноста за мулти-таскинг, така што на еден екран ќе можете да ги извршувате вашите обврски и на дел од екранот да го следите вашиот разговор преку Skype, да твитате или некоја сосема трета работа. Ќе нуди креирање на повеќе кориснички сметки, исто како што е возможно и на оперативниот систем за РС, а сите податоци ќе бидат енкриптирани, со дополнителна заштита на приватни информации. За навигација помеѓу апликациите и сите отворени прозорци, ќе можете да навигирате од сите четири агли на екранот.

Сите апликации се чисто дизајнирани со ниту едно дополнително копче на главниот екран, со што сакаат да ја истакнат содржината, водејќи се по пораката „содржината е кралот“. Со едноставно влечење оддолу – нагоре ќе ви бидат прикажани сите опции и алатки кои ги нуди апликацијата. Целата моќ што може да ја има Ubuntu на РС е пренесена на уредот на допир, а вклучува и гласовен асистент кој ќе ви помогне да навигирате низ содржината доколку сте зафатени со рацете. Исто така, ќе содржи и вграден сервис за споделување низ социјалните мрежи. И секако, важна улога имаат и апликациите и игрите кои ќе може да бидат инсталирани преку Ubuntu Software центарот.

Големината на таблетите ќе може да биде од 7“ до 20“. Дополнително, хардверските побарувања можете да ги погледнете овде.

[youtube]h384z7Ph0gU[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments