0 коментари 1 мин. читање

Winston е iOS агрегатор кој ви ги чита вестите

Winston е нова iOS апликација која, штом ќе биде готова, ќе ви ги агрегира, сумира па дури и ќе ви ги чита вестите. Слично со останатите агрегатори ќе може да одберете области кои ве интересираат, но и да ги поврзете и друштвените мрежи, па Winston ќе ве информира за постовите на вашите пријатели на Facebook или Twitter.

Автори на Winston се Reactor Labs, а првата верзија ќе биде достапна ексклузивно на iOS. Покрај телефоните и таблет комјутерите апликацијата е наменета и за Apple TV, што значи дека во иднина апликацијата ќе можете да ја пуштите и на телевизорот, пишува The Next Web.

[youtube]hPH2PK5WZys[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top