8 коментари 1 мин. читање

Сега може да купите уште поевтин Raspberry Pi

Откако основниот модел на Raspberry Pi се покажа како полн погодок, фондацијата одговорна за мини PC-то излезе со нова поедноставна и уште поевтина варзија која чини само 25 долари.

Новиот Raspberry Pi – Model A има помалку меморија и нема мрежен приклучок, но затоа енергетската ефикасност му е значително подобрена, што овозможува да се напојува од соларни панел, но го прави и значително погоден за  проекти каде ќе со користи за регулирање на издвоени сензори и во роботиката. Моделот A користи само една третина од енергијата која ја користи моделот B. И покрај ова, најавено е дека фондацијата веќе работи и на нов софтвер кој дополнително ќе ја намали потрошувачката.

Новиот Raspberry Pi доаѓа речиси истовремено со објавувањето на инвестирањето на Google во овој проект. Цената на овој модел на Raspberry Pi e 25 долари, првично е достапен само во Европа, но наскоро ќе биде достапен насекаде.

[youtube]rpWUBwGy7jY[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

8 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top