1 коментар 1 мин. читање

И вработените во Холивуд симнуваат пиратска содржина

Да, добро прочитавте. Забележано е како вработените во холивудските студија нелегално преземаат филмови од нивните конкуренти и тоа преку BitTorrent. Студијата како Warner Bros., Disney, Paramout Pictures и др. иако бележат загуби, сепак нивните вработени симнуваат филмови и игри од торенти.

TorrentFreak направи истражување со компанијата Scaneye и забележа дека голем број на пронајдените IP адреси се регистрирани од страна на големите холивудски студија кои редовно презимаат филмови, игри, па и порнографија.

Од фотографиите кои ги објавија од TorrentFreak, може да се види како студијата ја преземаат содржината од конкурентите, и да не се повторуваме, но – нелегално. Од информациите собрани од Paramount Pictures, може да се види дека тие го имаат преземено Happy Feet кој е во сопственост на Warner Bros. Додека пак вработените во Warner Bros покажале добра заинтересираност за порнографска содржина.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

1 постар WordPress коментар
Мени
Заедница
Изглед
To top