Колку се употребливи македонските медиумски веб сајтови?

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.МК

Истражувањето на Ирина Шумадиева, магистер по комуникации при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје, ни открива дека македоските медиумски веб сајтови ги исполнуваат основните стандарди за употребливост, но и дека постојат проблеми со комуникацијата на сајтовите со корисниците. Употребливоста (usability) се однесува на прашањето „Колку ни е лесно да користиме одреден веб-сајт?“ Како и сите предмети од секојдневниот живот, така и веб-сајтовите кои ги посетуваме сакаме да бидат поупотребливи за да ни биде полесно да ги користиме, иако најчесто не сме свесни за тоа.

Истражувањето е направено со 10 популарни македонски веб сајтови, односно со 10 корисници кои извршуваа задачи на сајтовите во експериментална средина, и потоа ја оценуваа употребливоста. Беше направена стручна анализа на сајтовите од страна долгогодишни експерти во областа на веб-дизајнот.

Очекувано, корисниците едноставно не сакаат реклами. Дури и графичките елементи кои се дел од сајтот се перцепираат како реклами и се избегнуваат, иако понекогаш тие се корисни за употребливоста на сајтот. Но, од друга страна, рекламите не се причината да го напуштат сајтот. Публиката си оди од сајтот ако не го најде тоа што го бара. Во тој контекст, најчесто не одат на забавни сајтови за да читаат сериозна содржина.

Корисниците најмногу сакаат да работи пребарувачот на сајтот. Критикуваат кога нема и не работи доволно добро, и кога има филтри за пребарување кои ја утежнуваат постапката. Сепак корисниците сакаат кога има колорно кодирање, истакнати вести, мапа на сајтот, категории и архиви, но не сакаат некликабилни и анимирани елементи, и нечитливи текстови, како и мешање на содржината со рекламите.

„Иако не постојат сосема неупотребливи или сосема употребливи веб-сајтови, секој веб-сајт треба добро да комуницира со својата публика за да ја направи повеќе задоволна, за да предизвикува помалку фрустрација и за да ги зголеми шансите таа повторно да се врати во иднина.“, вели Ирина.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
13 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
drake234
drake234
11 years ago

За веб-сајт, сите знаеме дека македонскиот јазик е смрт за вакви технолошки термини, но официјално мислам дека се нарекува веб-страна. Евентуално, би можело да се наречат овие страни "портали", за подобро да звучи сето тоа.

За графиконот, ако е за обичниот народ да речеме, океј е да стои и да проценат графички. Но за оние што сакаат подетално да видат, проблем е тоа што не е специфицирано во поголеми детали. Мислам дека ова е интересна и актуелна тема, па барем јас лично би сакал да го прочитам целиот труд или поголемиот дел од него.

IT.com.mk
Admin
11 years ago
Reply to  drake234

Веб страна е дел, една страница од сајтот. Гледај на сајтот како на магазин исполнет со куп страни. Не секој сајт е портал бидејќи портал има форум, имејл сервиси, мултимедијални услуги итн итн., додека обичен веб сајт може да биде само сајт на компанија со неколку описни страници и форма за контакт.

drake234
drake234
11 years ago
Reply to  IT.com.mk

Видете, ви реков дека македонскиот јазик е смрт за вакви термини, но сигурен сум дека никаде го нема наведено како "веб-сајт" тој термин, може да се нарекува мрежно место.

Еве и на википедиа никој не го дефинирал овој збор како наш, македонски:
http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%92%

Од друга страна, мислам дека ова ми беше најмалата забелешка, поконкретно прашав за големината на примерокот и тоа најмногу ме интересираше од целото истражување, бидејќи за мене лично, а и за сите други, од него би требало да се оцени валидноста за генерализацијата која е направена во трудот.

Мислам дека ги подискутиравме моите забелешки, така да верувам дека големината доколку досега не беше спомената, нема да ја споменеме и во следните коментари. Затоа, не би сакал повеќе да ви пречам на статијава и се извинувам за сите направени забелешки за кои вие како авторка мислите дека не сум во право.

Реков, генерално јас зборам површно, бидејќи го немам прочитано трудот, така да сите мои коментари може да се земат со задршка.

Поздрав и се читаме понатаму. :)

IT.com.mk
Admin
11 years ago
Reply to  drake234

"Затоа, не би сакал повеќе да ви пречам на статијава и се извинувам за сите направени"

:) Без грижа. Коментарите се тука за да се дискутира, и да се објаснат нејасните работи. Веруваме дека и Ирина ќе се сложи на тоа. Поздрав. :)

drake234
drake234
11 years ago
Reply to  IT.com.mk

Секако, но премногу настапив нападно, пред се бидејќи не знаев дека се работи за дел од научен труд, а како истражување беа презентирани премал број на информации.

Мислам дека генерално се разбравме за повеќето работи, јас би ви дал предлог како подобрување на вашиот usability да го зголемите лимитот на карактери во коментарите, бидејќи како што гледате станува збор за интересни теми за кои вреди да се дискутира "на долго и на широко".

@inkaklinka
11 years ago
Reply to  IT.com.mk

Таман работа! Дискусијата води кон поквалитетни нешта во иднина. Задоволство ми е да одговарам на прашања кои укажуваат на интерес за темата.

drake234
drake234
11 years ago

Пред се, сфаќам дека ова е твое лично мислење и затоа сакав да го предизвикам. Би сакал само да ми одговориш колкав е точниот примерок, бидејќи би сакал да проценам дали може да се влечат заклучоци за целата популација.

Во текстот пишува 10 корисници, ти викаш 3-5 по страна е минимум, дали тоа значи 30 до 50 вкупно?

Понатаму, споредуваш студент од 18-23 години со мајка ти, која претпоставувам дека има над 50-тина? Дали мислиш дека овие две демографски групи делат исто познавање на Интернет технологиите и може да доведат до исти заклучоци? Очигледно е дека така размислуваш, но јас воопшто не се согласувам.

За експертите, тоа е твое право, јас бидејќи не ги знам, само сакав да го предизвикам нивното познавање и знаење, односно како се доаѓа до статусот "експерт" за веб-дизајн на нашите простори. Дали истите имаат дипломи, сертификати или според искуство, тоа е твој избор и тука нема веќе простор за дискусија, мора да ти верувам на изборот.

@inkaklinka
11 years ago
Reply to  drake234

Па не е лично мислење, научно истражување е, така што моето толкување на резултатите е лично и секако дека може да има доза на субјективизам, но што се однесува до образложението за методологијата, се е претходно кажано од други многу поискусни луѓе од мене. Јас само адаптирав според целите на истражувањето и малку според нашиот контекст.

Рангирањето на медиумските сајтови не е најважно од ова истражување, само е најинтересно за самите медиуми. Многу посуштинска е анализата на нивните заеднички својства и квалитетот на корисничко искуство кој е предизвикан од секоја од нив. Можеби тоа во друг пост. :)

drake234
drake234
11 years ago

Доколку ова е изворниот текст, би сакал да ја прашам авторката неколку прашања:

Како прво, самиот графикон е нејасен, почнува од 0, завршува кај 6…што е тоа од 0-6, оценка за целокупниот сајт? Максимум е 10?

Второ, испитување направено врз 10 корисници се смета како валидно? Кои се тие 10 корисници, демографија барем да има? Како се бирани? Има некоја методологија која е специфично спроведена?

Дали авторката смета дека 10 корисници се доволни за генерализирање на заклучок врз останатите стотици илјади корисници во Македонија? 10 корисници тестирале 10 веб-страни и се дава заклучок?

Кои се тие експерти кои нуделе стручна анализа? Како се избрани? Дали се пристрасни? Дали ниеден од тие веб-дизајн експерти не спомнал дека се пишува веб-страна, наместо веб-сајт?

@inkaklinka
11 years ago
Reply to  drake234

Фала на прашањата. Еве со ред.

Бројките на графиконот се ирелевантни, битно е само рангирањето, кое е добиено според сите клучни параметри добиени од истражувањето (решени задачи, оценки од корисниците, оценки од експертите).

Второ, испитувањето со избраната истражувачка постапка, тестирање со набљудување во експериментална средина е најдобро за детектирање на причините за лошо корисничко искуство, а се прави со 3-5 корисници по сајт, што е исполнето со ова истражување. Изборот е направен според сосема основни критериуми (корисник на интернет, студент на возраст 18-23 години…), што во суштина и не е многу важно, бидејќи методологијата дозволува дури и мајка ми да биде еден од учесниците во истражувањето (не е напреден корисник).

@inkaklinka
11 years ago
Reply to  drake234

Истражувањето се однесува на тие веб-сајтови, исто така избрани врз основа на критериум (кој не е многу важен, но постои). Избрани се 10 најпопуларни сајтови во даден момент и затоа се генерализира за Македонија. Не може да се испитаат сите. Овие истражувања се многу скапи. На пример во Хрватска е направено слично истражување, кое изгледа дека е финансирано, опфатени се 8-те најпопуларни сајтови, а применетата методологија има доста пропусти, кои ги земав предвид пред да почнам со моето истражување.

@inkaklinka
11 years ago
Reply to  drake234

Експертите се наведени во целиот научен труд. Во пост за веб секако не може сè да се каже, а и не е баш етички да спомнувам имиња, но еве можам да ти кажам дека работат во областа повеќе од 8 години. Не верувам дека се пристрасни, работа им беше да не се, а воедно секој критериум за оценување си имаше свој опис во клучот на инструментот, така што ако некој стави оценка 3 (1-3) за параметар поврзан со логото на сајтот кое го превчитува сајтот во ново јазиче може евентуално да не го забележал проблемот за да стави 2, но и понатаму јасно гледа дека логото се наоѓа во левиот агол, добро изолирано од останатите елементи на горниот дел од сајтот, па не може да стави 1. Затоа пак има уште 3 експерти од кои доволно е еден да го забележи пропустот за да влијае на конечната оценка.

Не знам зошто мислиш дека експерти дизајнери треба да знаат како нешто точно се пишува… а што се однесува до терминот што го сугерираш, тоа е далеку од точно за она што го претставува еден веб-сајт (комплекс од повеќе веб-страници).

Pero
Pero
11 years ago

dobra analiza bi bilo sega makedonskite sajtovi vo odnos na svetskite novinski agencii ili portali, bidejki mene ovoj rang od 1 do 6 ne mi znaci nisto