1 коментар 1 мин. читање

Исус ќе беше на Facebook, вели германски свештеник

Германскиот свештеник, Роберт Золитч, верува дека ако Исус беше жив денес, тој ќе беше на Facebook и на Twitter за да се поврзе со своите пријатели и следбеници. Според архиепископ од Фрајбург, црквата треба да ги прифати новите медиими бидејќи тие се алатка за пренесување на Божјиот збор.

„Тој секогаш бараше луѓе, и одеше низ невообичаени патеки за да ги најде.“, вели г. Золитч за Local. „Друштвените мрежи не се без поента, туку ги преставуваат новите начини да се допре до луѓето, кои црквата до сега не ги користеше“.

Се чини дека католичката црква се реши целосно да ги прифати новите медиуми за да ја шират својата порака. Ваквата еволуција на католичката цркава ја предводи папата Бенедикт XVI кој пред две недели отвори свој Twitter профил.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top