1 коментар 1 мин. читање

Најновата Facebook Poke стана најпопуларна апликација на Apple App Store

Facebook во текот на минатата недела ја претстави својата iPhone апликација за боцкање. Со новата Poke апликација, која веќе е најпопуларна во App Store на Apple, на своите пријатели можете да им испратите слика, видео или едноставно да ги боцнете на одредено време.

Poke е изработена за само 12 дена, пишува Блејк Рос, водач на одделот за развој на производи во Facebook. Инспирацијата за Poke е од апликацијата Snapchat со која можете да имате чет базиран на фотографии.

Facebook Poke е посебна апликација која овозможува испраќање на текстуални, сликовити, видео пораки и фамозното „боцкање“. И бидејќи апликацијата не е поврзана со главната Facebook платформа, целата содржина и боцкања преку оваа апликација ќе бидат видливи само доколку корисникот се најави преку неа.

Исто така, фотографиите може да бидат уредувани и да се стави текст на нив, а и по колку време сакате да исчезне направената акција. Апликацијата може да ја преземете од iTunes App Store, а за какви пораки и колку sexting ќе има преку самата апликација, ќе видиме. :)

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

1 постар WordPress коментар
Мени
Заедница
Изглед
To top