0 коментари 2 мин. читање 17 декември, 2012

Првиот европски гејминг инкубатор GameFounders бара забавни стартапи

GameFounders е првиот стартап акцелератор кој ќе им помага на компаниите кои започнуваат со развој на видео игри. Акцелераторот е eстонски, но може да аплицираат компании од било која држава доколку се спремни да се преселат во Талин. Компанијата веќе ги прими првите 10 стартапи, но веќе е започнато апплицирање за вториот круг.

За 9 отсто од акциите на компанијата, компаниите добиваат 5000 евра за секој основач присутен во Естонија, до максимални  15.000 евра. Контакт со над 70 гејминг-гуруа, во рок од траење на 3 месеци канцеларии во Талин, пристап до мрежа со гејминг контакти, инвестициски фондови, ризични-фондови за почетен капитал и ангели-инвеститори.

GameFounders нема да помагаат единствено стартапи кои работат на видео игри, може да аплицираат и компании кој прават забавни апликации, гејминг платформи, алатки, но и сите останати продукти поврзани со гејминиг. Сепак компанијата препорачува дека најверојатно за почеток ќе имаат предност проектите за паметни телефони.

Првите  апликанти се веќе примени, а од сега можете да аплицирате за втората група.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top