3 коментари 1 мин. читање

Толку од демократијата на Facebook

Умре демократијата на Facebook. Гласањето кое беше отворено за корисниците и се однесуваше за правилата за приватност заврши, а прашањето кое се поставува после оваа анкета е – зошто воопшто и им се овозможи на корисниците да гласаат?

Условот од Facebook за укинување на „диктатурата“ на Марк Закерберг беше да гласаат барем 30 посто од корисниците (нешто повеќе од 300 милиони луѓе), но својот глас го дадоа само 668.872 гласачи, што е навистина жално, бидејќи поголема излезеност има дури и на изборите во Македонија.

Ова се само 0,067 посто од корисниците на Facebook, што на Закерберг му дава слика дека корисниците нималку не им се важни тие правила. Крај краева, колку од кориниците воопшто и ги имаат прочитано правилата? Сите ние (или барем поголем дел од нас) како корисници на Facebook, немаме никакви права и сè се сведува на одлуките на Марк. Исто така, од комапнијата повеќе не мора податоците да ги чуваат на одвоени сервери во Европа и САД, што значи дека вашите податоци може да бидат на серверите во САД и истите ќе бидат третирани според тамошните закони.

Сепак, на крајот од краиштата, ова е негова компанија и кои сме ние да одлучуваме во донесувањето на одлуките?

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top