4 коментари 1 мин. читање

Yahoo Mail сега е побрз и поедноставен за користење

Популарната имејл платформа Yahoo Mail конечно го доби долгопотребниот редизајн. Подобрувањата доаѓаат по барање на корисниците, но и заради потребите да се обезбеди добар сервис за веб и разни мобилни платформи како Windows 8, iOS и Android.

„Ни кажавте гласно и јасно дека сакате поедноставен имејл сервис. Сакате да се логирате и брзо да ја проверите комуникацијата пред да продолжите со денот. И ние ве послушавме.“, вели Мериса Маер, директорка на Yahoo и поранешен шеф за Gоogle сервиси. „Почнувајќи од денес, новиот Yahoo Маil е брзо, лесен и достапен од било каде“.

Верзијата за веб сега има поедноставен дизајн со помалку копчиња и повеќе простор за читање и пишување имејл, и мали сликички кои го прикажуваат закачениот фајл на пораката. Целта, вели г-ѓа. Маер, е да се забрза Yahoo Mail и да биде полесен за навигација со поголем фокус на содржината на пораките.

Мобилната верзија за iPhone е обновена со опција за брзо бришење на пораки само со движење на прстите, бескрајно скролање на пораки и опција за закачување на фотографии во нова порака. Android верзијата доби подобрувања во брзината и во одржување на батеријата, додека Windows 8 верзијата ќе има виџет за почетен екран.

Дали ви се допаѓа редизајнот? Дали е полесен за користење од Gmail?

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top