Ричард Сталман, основач на Фондацијата Слободен Софтвер, автор на лиценцата за слободен софтвер GNU и еден од најпознатите активисти за слободен софтвер, остро ја критикуваше најпопуларната Linux дистрибуција – Ubuntu.
Тоа што го тврди г. Сталман е дека дистрибуцијата од Canonical ги шпионира корисниците и нивните податоци ги испраќа на Amazon. Во најновата верзија на Ubuntu корисниците кога пребаруваат во Unity, на дното од страницата добиваат предлози од Amazon, што, според г. Сталман, значи дека Canonical ги споделува информациите со Amazon, а тие врз база на тоа ги прикажуваат резултатите.
Од друга страна, Canonical ги отфрли сите тврдења од страна на РМС и дека корисниците може слободно да ги исклучат прикажувањата на огласи. Но, според г. Сталман, голем проблем претставува и самиот факт дека таа можност е достапна и вклучена уште од инсталирањето на самата дистрибуција.
„Доколку на некого му препорачувате или дистрибуирате Linux дистрибуција, немојте да користете Ubuntu. Немојте да инсталирате Ubuntu, а наместо тоа ширете за нивнта шпионажа“, вели г. Сталман на крајот од својот блог пост.
Фондацијата за слободен софтвер го смета слободниот софтвер како општествено движење и очекувано е да застане против овие акции. Меѓувреме, интересна дискусија се разви на Linux Slashdot форумот, каде што, исто така, може да се прочита повеќе за овој проблем.
Коментари
7 коментари
Коментарите се затворени.