Најголемиот производител на електрични возила во регионот, хрватскиот Rimac Automobili ги проширува своите производни капацитети.
Новата производна линија е наменета пред се за производство на два прототипи на новото возило C_Two. Линијата е во новиот погон во Велико Трговишче во Хрватска.
Целиот процес на склопување на прототип возило трае 5 недели, а целиот процес започнува во главната фабрика и потоа секој дел се носи на склопување.
Компанијата има веќе 4 склопени прототип C_Two автомобили, но за сите тестови се потребни уште 13.
Rimac сподели и слики од новата лента кои може да ги погледнете подолу:








Добивај известувања
Најава
0 Коментари
Најнови






