Според правилата на DMCA (Digital Millennium Copyright Act ), процесот на рутирањето ги заобиколува паметните телефони, но, не и таблет компјутерите. Последните промени донесени од американскиот Конгрес за DMCA правилата кои ќе стапат на сила за три години, беа објавени овој четврток. Според нивното соопштение, до 28 октомври 2015 година ќе постојат пет нови категории на обиколување, односно услови кои не ги опфаќаат т.н. Библиотекарски правила.
Исто така, според новите правила не им се пишува добро на компјутерските таблети. Донесени се правилата според кои се дозволено рутирање на паметните телефони, меѓутоа измените не дозволуваат и рутирање на таблет компјутерите од проста причина што тие никаде не се споменати.Зошто не e легално да се рутираат таблет компјутерите? Затоа што не успееја да го дефинираат таблет компјутерот, бидејќи во категоријата на таблети може да се вклучи и некој читач на е-книги, преносните компјутери и слично.
Отклучувањето на телефоните за да може да се користи на другите мобилни оператори, повеќе не е дозволено. Сепак, сè уште можете да го отклучите вашиот телефон или телефонот што ќе го купите во следните 90 дена, почнувајќи од 28 октомври. Рипувањето на легално купените DVD-а за да можете да ги гледате на вашиот телефон или компјутерски таблет, сè уште не е дозволено и се смета за пиратерија. Сите DMCA правила можете да ги прочитате овде.
Коментари
2 коментари
Коментарите се затворени.