Иако и сега владее со пазарот на таблет компјутерите со iPad, Apple со „мини“ се реши да се обиде целосно да ги истурка Android уредите. Мini треба да конкурира точно на местото каде што Android има најголема продажба, на пазарот на мали таблет компјутери.
Новиот таблет на Apple, iPad Mini влезе на пазарот за 7-инчни таблет компјутери на кој барем засега владеат Nexus 7 на Google и Kindle Fire HD на Amazon. Нo, од цената е веднаш јасно дека Apple ќе биде активен на пазарот на помали таблет компјутер, но не и евтини.
Но како изгледаат уредите „поставени еден до друг“?
Според големината на екранот iPad mini е два сантиметри подолг од конкуренцијата, иако Kindle Fire HD има и 8.9-инчна верзија. Сепак иако Apple направи уред со најголем екран, уредите на Amazon и Google имаат далеку поквалитетни дисплеи. Двата имаат резолуција од 1280×800 и 216 пиксели на инч, што е подобро од 1024х768 и 163 пиксели на инч на iPad mini. Екранот е нешто поголем, па има коментари од типот „iPad mini има поголем екран па нема да го држите блиску до лицето па резолуцијата и густината на пиксели не важна“, сепак од лично искуство (7-инчен Kindle и 9.7-инчен TouchPad) мислам дека без разлика колкав е екранот таблет уредите вообичаено ги држиме на исто растојание.
[youtube]YMQdfGFK5XQ[/youtube]
Што се однесува до процесорот Nexus 7, има Nvidia Tegra 3 четири јадрен процесор кои се употребува и за Windows RT таблетот, според Benchmark, Tegra 3 е подобар процесор A5, со исклучок на графиката, и иако кога станува збор за Retina-дисплеј процесорите не се разликуваат премногу ни во оваа категорија.
И покрај поголемиот екран iPad mini сепак е незначително поголем од конкуренцијата, а успева да биде значително потенок и иако тешко дека е забележлива разликата помеѓу 308g и 340g, iPad mini е сепак полесен. Покрај ова таблетот на Apple е направен од алуминум, што е поквалитетно решение од пластиката на конкуренцијата, меѓутоа тоа незначи дека пластиката на Kindle Fire и Nexus 7 е неквалитетно решение.
Доколку не сте во можност да се приклучите на „облакот“, поради поголемиот простор на уредот (сепак зависи од моделот), iPad mini има простор за повеќе содржини. Иако непотврдено, останува нејасно зошто Apple се решил да се врати на 512 RAM во своите уреди.
[youtube]qL0UlqpfuQc[/youtube]
Кои услуги ги добиваме со таблет компјутерите во Македонија?
Кога станува збор за услугите, и тоа за услугите кои ги нудат компаниите и тоа легално, во Македонија речиси може да изберете таблет комјутер според хардверот, иако „Content is King!“. Резултатите објавени од MacStories од кои можете да извлечете заклучок за присутноста на екосистемите во Македонија се навистина поразителни.
Apple, од сите свои услуги: музика, филмови, серии, е-книги и апликации во Македонија нуди единствено апликации. Слична е состојбата и со Google кој за волја на вистината сеуште е на почетокот на својот „еко-систем“, и е главно сеуште концентриран на САД. Па најголем дел, со исклучок на апликациите, се ексклузивни за Северна Америка. Ако ништо друго, за среќа од Amazon во Македонија е достапна библиотеката, која е и најсилната страна кога станува збор за Amazon надвор од САД и Велика Британија.
[youtube]guAcamrr1Ug[/youtube]

Коментари
3 коментари
Коментарите се затворени.