Surface е добар таблет, но со лоши рецензии

во Хардвер

Без разлика дали мотивирани од лошиот производ или од преголемите очекувања, Microsoft Surface RT дебитира со лоши критики. Verge, Gizmodo, FWD, New York Times не го поштедија првиот таблет на Microsoft. Иако некој од критиките се претерани, „Surface не е корисен во вашиот скут, освен ако не сакате да се мачите“, или „ Навистина ќе се изморите ако го држите легнат, а ако го исправите е премногу висок“, дел од критиките се на место и би требале да го натерат Microsoft да реагира.

„Речиси сите апликации кои ги вклучив, паднаа парем еднаш додека го тестиравсистемот.“, вели Џошуа Тополски од Verge. Сепак најголемата критика на уредот е малиот број на апликации, што за Surface RT таблетот е разбирливо со оглед на тоа дека на Windows RT нема да работат досегашните апликации.

Да бидам целосно искрен дел од рецензиите на Surface се збунувачки. На пример, г.Тополски вели дека камерата на Surface RT е изненадувачки добра, додека Wired иако мисли дека Surface е одлично изработен хардверски, сепак пишува дека камерата е ѓубре.

Сепак најголем дел од критичарите се сложни во заклучокот, Microsoft всушност направил одлична работа кога станува збор за хардверот, а промашувањето е во софтверот за RT таблетот. Ако за хардверот на таблетот речиси и да нема замерки, истото неможе да се рече и за докот. Wired и New York Times немаат многи пофални зборови за тастатурата, па Дејвид Пог пишува  „Ако можете да исчукате 80 зборови во минута на тастатура на Surface ќе можете да исчукате педесетина.“

Хардверот на Surface е навистина прекрасен. Правоаголен блок од магнезиумова легура, направен од материјал кои го Microsoft го нарекува VaporMg…  Целиот интерфејс – правоаголните полиња – е навистина забавен за користење, навистина сум воодушевен од делови од функционалноста, пред се од мулти-таскингот.“, се пофалните зборови од Verge за таблет компјутерот.

Сепак пред да го закопаме Microsoft Surface поради недостатокот на апликации, да не заборавиме дека Microsoft сè уште има Microsoft Surface Pro за претставување. Ако цената на овој уред не е премногу висока, тогаш може да го добиеме тоа што сите го очекуваат – „Таблет кој ќе успее да го замени лаптоп комјутерот“. Првенствено затоа што сите апликации кои работат на WIndows 7 ќе бидат компатибилни и на Windows Surface Pro, но Surface Windows Pro може да биде и привремено решение додека на заживее екосистемот на Windows RT.

[youtube]yswUFCD1x0A[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk