Oд 30-ти ноември од 2 декември во Скопје ќе се одржи првиот меѓународен камп за развој на мобилни апликации, Mobile AppCamp. Ова е тридневен настан каде учесници од Европа и Азија ќе развиваат комерцијални мобилни апликации со потенцијал за успешна пенетрација на глобалниот пазар, осознавајќи ги бенефициите од работа во мултикултурни тимови и под интензивно менторство од домашни и странски експерти. Настанот ќе се одржи на Скопски саем, и е во организиран од ПСМ Фондација и Swedish Trade Council, под покровителство на Агенцијата за електронски комуникации.
Учесниците ќе учат, развиваат и лансираат комерцијални мобилни апликации од искусни експерти и претприемачи како основачот на QXL, Тим Џексон, основаччот на мрежата за бизнис ангели SMART Angel Investor, Мајкл Гринберг, инвеститорот во Eleven Accelerator, Максим Гурвиц, и многу други. Програмата е направена за да поддржи креација на иновативни мобилни апликации со потенцијал за раст во нова генерација на само-одржливи мобилни стартапи, велат од ПСМ Фондација.
Финалето на тридневниот настан ќе биде презентација на прототип на мобилна апликација во финалето на Eleven’s Selection Days во март 2013, каде еден или повеќе тимови ќе добијат можност за инвестициски удел во висина од 50.000 евра од страна на Eleven Startup Accelerator од Бугарија.
Настанот е бесплатен, но ќе треба да побрзате да се регистрирате бидејќи бројот на учесници е ограничен.
