Google верува дека новиот Samsung Chromebook ќе биде втор компјутер за секој корисник, пред се поради цената од 250 долари која е ниска благодарение на ARM чип, наместо Intel-ов процесор.
Chrombook е 11,6-инчниот лаптоп со A15-Exynos просецор со две јадра, 2 GB RAM, 16 GB простор, но и 100 GB простор во Google Drive (во првите две години), поддршка за 1080p видео со 30fps и се поврзува на интернет преку WiFi и Bluetooth. Тежи само едно кило и, според Google, батеријата може да издржи над 6 часа. Има USB 3.0, USB 2.0 и HDMI портови, и VGA камера.
Во суштина се работи за ефтин солиден лаптопот кој работи на Chromе OС, oдносно има Chrome прелистувач и пристап до разните веб апликации на Google. Дизајниран е да биде брз пристап до интернет, или како што вели Google, овој компјутер е наменет за „луѓето кои живеат во облакот“.
[youtube]S95J5BowMmk[/youtube]