1 коментар 2 мин. читање 19 октомври, 2012

ИТ натпревар: Номинирајте го вашиот веб сајт и апликација на VIDI Web Top 100

И оваа година сите веб сајтови и апликации ќе имаат шанса да се натпреваруваат на традиционалните хрватски национални веб награди VIDI Web Top, под категоријата Top 10 exU посветена за сите веб проекти од поранешните југословенски простори.

Освен exU натпреварот за веб проекти од регионот на кој може да се пријават блогери, медиуми, веб сајтови, мобилни и веб апликации, на VIDI Web наградите може да се видат и бројни успешни веб проекти од Хрватска од куп различни категории. Натпрвеарот сепак е за хрватските веб проекти, но тоа не значи дека не може да се види нешто добро.

Победниците ќе ги одлучи независно жири, а оваа година се претставува и Public voice награда, односно награда од публиката.

Како победници на првата exU награда на VIDI Web наградите во 2010 година, тимот на IT.com.mk може да потврди дека учество на ваков настан каде ве споредуваат со најдобрите во регионот, е вистински престиж и пред се мотивација да продолжите и понатаму да го развивате вашиот веб проект. Затоа пријавете се веднаш!

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
xxx
xxx
13 years ago

Страната треба да биде на Хрватски, или не мора да е на Хрватски, но да е на некаков начин поврзана со Хрватска. Значи, да ставам Хрватско знаме, а? :)

Мени
Заедница
Изглед
To top