0 коментари 2 мин. читање

Што ќе биде "кул" во 2009, а што не?

Џејсон Хинер (Jason Hiner), еден од авторите на блогот "Between The Lines" на популарниот ZDnet.com, денеска објави пост во кој истакна неколку трендови за 2009 и за тоа што ќе биде "ин" во новата година, а што "аут". Тој вели дека во 2009 ќе видиме многу повеќе од работите кои ќе бидат "ин"…

{mosimage}

Секако, овие претпоставки за претстојните трендови се базирани според неговото лично мислење а не некое темелно истражување, јас ги пренесувам на IT.com.mk затоа што лично се согласувам со многу од нив.

  • ИН: ИТ професионалци со бизнис способности – АУТ: Технички сертификации
  • ИН: Веб-базирани апликации – АУТ: Софтвер кој можете да го создадете сами
  • ИН: Автоматизирани процеси за штедење на пари – АУТ: Долгорочни проекти
  • ИН: Mac компјутери во корпоративни средини – АУТ: Надградување на XP машини на Vista
  • ИН: Виртуелизација – АУТ: Голем број на мали сервери
  • ИН: Core i7 – АУТ: Брендот Pentium
  • ИН: Тенки клиенти – АУТ:: Лаптоп за секој вработен
  • ИН: WiMAX – АУТ: Wi-Fi
  • ИН: Ubuntu – АУТ: Red Hat
  • ИН: Бизнис интелигенција (БИ) – АУТ: Премногу неорганизирани информации
  • ИН: Работење од дома – АУТ: Работење од 8 до 5
  • ИН: HP лаптоп и десктоп компјутери – АУТ: Dell лаптоп и десктоп компјутери*
  • ИН: Мултифункционални серверски уреди – АУТ: Најдобри во класа мрежни уреди
  • ИН: PDA и паметни телефони – АУТ: Лаптоп компјутери кои заменуваат десктоп
  • ИН: Видео конференции – АУТ: Патување со авион за еден состанок
  • ИН: Повеќе пракса за студенти – АУТ: Пополнување на отворени работни позиции
  • ИН:WAN забрзувања – АУТ: Фибер оптика
  • ИН: 3G широкопојасен интернет – АУТ: Емитување по рамки
  • ИН: Лаптоп компјутери – АУТ: Десктоп компјутери
  • ИН: Онлајн Microsoft Office – АУТ: Azure, Live Mesh и Windows Live
  • ИН: Технички менаџери со минимално техничко искуство – АУТ: Технички менаџери како главни инжинери
  • ИН: ИТ/бизнис интеграција – АУТ: Централизирани ИТ оддели

* дискутабилно :-))

Од горенаведеното ќе го истакнам мислењето дека во 2009 тренд ќе бидат
луѓе кои ќе имаат
познавање на поголем број аспекти на технологијата а пред се ќе поседуваат бизнис способности. Мислам дека за нив ќе постои огромна побарувачка од проста причина што ќе ни бидат потребни луѓе кои ќе можат на поевтини и поиновативни начини да ги пренасочат испаничените компании и бизнисмени, особено по бурните економски колапси при крајот на минатата година.

Да не заборавиме и дека во 2009 разбирливо може да очекуваме огромен пораст на развојот на информатичката технологија и нејзина имплементација во секојдневниот живот на обичниот човек, затоа што во Белата куќа доаѓа претседател кој малку повеќе ги разбира работите на полето на ИТ. :-)

Напишано од

Дамјан е иницијатор и еден од ко-основачите на IT.mk, а исто така и основач на ИТ компанијата IWM Network и на Aqtos, бизнис оперативен систем за компании. Има повеќе од 20 години искуство во развој на дигитални производи, дигитална трансформација, веб-развој, UX/UI, SEO, брендирање и е-трговија.

Мени
Заедница
Изглед
To top