<Надополнето> Mozilla го преобјави Firefox 16 поради безбедносен пропуст. </надополнување>
Mozilla вчера ја објави најновата верзија на својот прелистувач Firefox за Windows, Mac и Linux, а можете да преземете од официјалниот сајт. Во верзијата 16 нема многу голем број на промени, иако најзабележлива новост е вметнатиот PDF прегледувач.
Една од поголемите промени во Firefox 16 е поддршката за web apps (слично како кај Chrome), но ќе мораме да почекаме за да видиме како ќе го прифатат развивачите. Покрај тоа, во оваа верзија имаат интегрирано и инкрементиран „гарбеџ колектор“, за на софтверот да му овозможи лесно работење и без многу лагирање. Со ова подобрување, од сега Firefox ќе одговара побрзо на притиснатите кликови и копчиња, како и анимациите/игрите ќе имаат подобри перформанси.
За развивачите, верзијата 16 нуди неколку подобрувања, така што е обновена лентата со алатки за развивачите. Додадени се копчиња за брз пристап до алатките, бројач на грешки во веб конзолата и нова командна линија за брз пристап. Исто така, уште една новост која може да влијае на развивачите е имплементирање на претходно отворените датотеки во Scratchpad, неколку непрефиксирани CSS3 можности како што се анимациите, транзициите, трансформациите и стрмнина (gradient).
За Mac OS X корисниците од Mozilla имаат воведено VoiceOver поддршка, па така сега тие гласовно ќе може да пристапуваат до одреден дел од менијата, адресната лента и останатите елементи на страницата.
Повеќе можете да прочитате на блогот на Mozilla, а вашето мислење за новата верзија на Firefox можете да го споделите во коментарите.
Коментари
8 коментари
Коментарите се затворени.