Google Play им дозволи воведување на бесплатен тест период на претплата за развивачите кои сакаат да ја имплементираат опцијата во своите апликации. Ако корисникот не е сигурен дали сака да се претплати на некоја апликација ќе може да ја купи бесплатно, а по завршувањето на тест периодот ќе може да одлучи дали сакаат да престане да ја користи или ќе се претплати и ќе ја употребува и понатаму. Сепак за да ја преземе апликацијата корисникот ќе мора да избере валидна форма на плаќање и да ги внесе податоците, исто како да ја купува апликацијата.
По истекување на тест периодот и доколку корисникот не ја прекине претплатата, Google Play автоматски ќе го претплати корисникот, користејќи ги податоците кои се внесени при „аплицирањето“ за пробниот период. Доколку корисникот се реши да ја прекине претплатата пред крај на пробниот период, тогаш неговата претплата завршува веднаш, а не по истекот на истата.
Иако препорачана должина на тест периодот е една недела, развивачите на апликации можат и да го продолжат ова време. Google исто така ги предупреди развивачите дека апликацијта мора да функционира доколку постои барем еден корисник кој платил претплата.
Ова ќе им овозможи на корисниците да проверат дали им се допаѓаат апликациите пред да се решат да се претплатат, слично на разгледување на книга или весник пред да се одлучат да го купат. Ова е одличен начин за рекламирање на апликациите, но е попогоден за апликациите кои цело време додаваат нови содржини, на пример весници или апликации кои презентираат видео содржини.







