Иако веќе од компанијата претставија две нови игри, Amazing Alex и Bad Piggies, изгледа дека од Rovio имаат уште изненадувања за лутите птици. Имено, денес имаат закажно настан на Time Square во Њу Јорк на кој ќе биде претставена Star Wars верзијата на Angry Birds, како и играчки од истиот тип.
Со мрачната птица која е објавена на нивниот Tumblr блог се потврдува партнерството помеѓу Lucasfilm, со кое и двете компании ќе не воведат во темната страна на лутите птици. Исто така, на настанот ќе биде претставена и Angry Birds: Star Wars за iOS и Android оперативните системи.
Единствено се знае дека Лук Скајвокер ќе биде црвената птица, а за другите останува да почекаме…
Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.