Mozilla ја покажа најновата верзија на својот прелистувач Firefox Metro. Новиот Firefox e направен од „нула“ и е целосно дизајниран за Windows 8. Иако првата верзија има многу проблеми, сепак доаѓа и со многу стандардни алатки кои можете да ги погледнете тука. За кориниците кои не сакаат промени, Mozilla ќе го задржи и стариот „десктоп“ изглед, па корисниците ќе имаат избор.
Мetro е и оптимизиран за работа со екрани на допир, односно препознавање на гестови, како повлекување, допир и слично. Ќе има и можност за брза промена од „metro“ во „десктоп“ мод на работа, можност за споделување на страни помеѓу повеќе апликации, а ќе има и вградена можност за рагледување на PDF документи и опција за проверување на текст додека го пишувате. Оваа верзија исто така ќе продолжи со Firefox синхронизација, префрлање на букмарковите, лозинките, историјата, додатоците со нова копија на Firefox, на пример на таблет или паметен телефон.
Засега новиот прелистувач нема подршка за Flash, но Mozilla најави дека ќе продолжи да го поддржува Flash, а оваа опција ќе биде додадена во иднина. Можноста за додавањето на различни додатоци истотака останува да биде поддржано во иднина.
Ако имате инсталирано Windows 8 RTM, новата Mozilla можете да ја предземете и да ја „тестирате“ од тука.









