FaceDropt е едноставна и бесплатна Android апликација која одлично си ја извршува својата задача. Доколку барате „бекап“ решение за вашите фотографии кои автоматски ќе се зачувуваат во приватен албум на Facebook, оваа апликација е одличен избор.
Апликацијата работи на тој начин што за да го активирате прикачувањето на фотографиите, потребно е само да внесете име на албумот и време од кога – до кога да се прикачуваат сликите во него. FaceDropt ви овозможува да оперирате само со еден албум, додека времето можете и покасно да го менувате. Исто така, секој албум создаден од оваа апликација, автоматски е поставен како приватен, односно видлив само за авторот.
Апликацијата работи на Android 2.2+, достапна е бесплатно на Google Play маркетот и единствено после инсталацијата бара дозвола за пристап до вашиот Facebook профил.

Коментари
Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.