Rovio, креаторите на популарната Angry Birds, претстави нова игра која ја задржува темата на гневните птици, но овојпат свињите се главни ликови. Гејмплејот не е кршење, туку е малку поконструктивен. Свињите треба да изградат разни летечки возила и направи за да стигнат на безбедно место.
Вad Piggies е бесплатна за Android, додека за iPhone и Mac чини 1 долар, односно 5. Наскоро ќе следи и Windows Phone и PC верзија. Според Roviо, оваа игра со лошите прасиња е само почеток на подолга серија.
Ова е втор голем наслов на Roviо кој е претставен во последните шест месеци. Првата игра Amazing Alex, која требаше да понуди нешто поразлично од Angry Birds, во моментов не е најдобро прифатена од публиката, па Rovio се надева дека Big Piggies ќе успее да направи барем половина од 100-те милиони долари кои Angry Birds им ги донесоа во 2011-та година.
[youtube]YsCpDaSooWA[/youtube]







