Dropbox ги извести своите корисници дека од сега своите датотеки прикачени на нивниот сервис ќе може да ги споделуваат во групите на Facebook во кои членуваат. Kорисниците кога ќе изберат „Add File“ во некоја од групите, ќе имаат уште една опција за избирање на датотека, односно да изберат од својoт Dropbox профил.
„Од сега можете да споделувате белешки со вашата група за учење, да ги додадете последниот распоред на натпревари за вашиот тим, или да објавите роденденско видео во вашата фамилијарна група, на многу брз начин.“, вели Dropbox.
Како и (скоро) сите работи на Facebook, така членовите ќе може да го „лајкнуваат“ или да го коментираат постот од Dropbox. Документите кои ќе бидат споделени преку Dropbox ќе може да се преземаат, а доколку се извршуваат промени, тогаш тие ќе бидат автоматски ажурирани, што ја прави оваа нова интеграција одличен начин доколку треба да споделите датотека поголема од 25MB, со оглед на тоа дека сервисот на Facebook не дозволува повеќе, или пак доколку имате документ што редовно го ажурирате, па така ќе заштедите на време за повторно објавување на истиот.









