5 коментари 2 мин. читање

Asus најави Windows 8 таблет компјутер, но дали може да се оправда цената?

Asus ги најави своите Windows 8 и Windows RT таблет комјутери. Иако Стив Балмер посочи дека цената на овие уреди би требала да се движи од 300-800 долари, таблетите на Asus ќе бидат речиси двојно поскапи.

Иако прескапи, сепак таблет комјутерите на Asus не изгледаат импресивно. Десет инчниот Asus Vivo Tab RT (TF600T) со Nvidia Tegra 3 Quadcore процесор чини 600 долари, а докот за таблетите дополнително ќе се купува за 199 долари.  Asus Vivo Tab (TF810C) е таблет компјутерот кој ќе има Windows 8 оперативен систем, 11,6 инчен екран на допир, Intel Atom Z2760 процесор, но за жал и тука докот ќе чини дополнителни 199 долари, а таблетот ќе биде 800 долари.

Asus Taichi е најголемиот таблет/ноутбук во оваа серија. Има 11,6 инчен екран со резолуција 1080p и е првиот ноутбук со два екрани. Предната страна на уредот е ноутбук (послаб лаптоп). а задната страна е таблет компјутер. Двата екрани се независни и имаат повеќе модови на работа. Процесорите во Taichi е најавени како трета генерација на Intel процесори, а SSD кој ќе доаѓа со уредот е добредојден. Сепак 1.299 долари за хибрид кој наликува не експериментален уред е премногу.

[youtube]3DNQc9rgV9A[/youtube]

Ова се сепак само првични цени и Asus можеби ќе ги промени пред да излезат таблет компјутерите. Цената на таблетот е преголема од неколку причини. Asus не се препознатлив бизнис бренд кој би можел да си дозволи волку високи цени, а да не загуби од продажбата. Покрај ова Windows таблет комјутерите само што почнуваат да го бараат своето место на пазарот, a со волку високи цени тешко дека ќе бидат конкурентни.

Колку за потсетување, 7 инчниот Google Nexus 7, кои исто така е изработен од Asus чини околу 200 долари.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

5 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top