2 коментари 1 мин. читање

Shazam станува ТВ сервис, сега ги препознава актерите од популарните серии

Shazam, апликацијата која ги препознава песните кои ги слушате, најави дека се подготвува да стане и телевизиски сервис. Компанијата вели дека 250-те милиони корисници сега ќе можат да го отворат Shаzam, да кликнат на големото копче и да добијат информации за актерите, режисерот и музиката од серијата која ја гледаат. Прикажаните информации ќе бидат извлечени од архивата на IMDB.

Апликацијата сега ќе препознава и спортски настани и да прикажува резултати веднаш на телефонот, иако ова е малку непотребно кога се гледате натпревар на телевизор бидејќи нели го има резултатот на екран, но е добро кога се следи натпреварот на радио.

Сепак, Shazam оработува со 160 партнери од САД, па најверојатно апликацијата нема да ги препознае сите серии и натпревари кои ги има на македонските телевизии. Посебно не турските серии.

[youtube]BJzCyaE6eKQ[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top