5 коментари 2 мин. читање

Microsoft ќе и се потчини на ЕУ и ќе понуди избор на прелистувачи со Windows 8

Microsoft ќе додаде избор на прелистувач при инсталација на Windows 8, вели еврокомесарот за конкуренција, Жоакин Алмунија. Microsoft во 2009 година гo прифати барањeто на Европската комисија да додаде опција за избирање на веб прегледувач по нивна желба за корисниците кои ќе инсталираат Windows, но никогаш не обезбеди таква опција.

Договорот имаше за со цел да ја намали нефер доминацијата на Internet Explorer кој е преинсталиран на оперативниот ситем. Договорот требаше да важи од февруари 2010, но сепак во Windows 7 Service Pack 1 кој излезе во февруари 2011 година, сѐ уште таа опција не им беше достапна на корисниците. Изгледа дека Microsoft заборави на договорот или, по наше „се правеше на Тошо“, па EУ испрати опомена, која доколку ја игнорираат, може да ги чини скоро 6 милијарди евра.

Се чини дека заканувањата го исплашија Microsoft. Г. Алмунија вели дека е во директен контакт со директорот на Microsoft, Стив Балмер, кој го уверил дека овој избор ќе им биде понуден на корисниците нa Windows, вклучувајќи го и новиот Windows 8 кој излегува во октомври. Но, проблемот со Windows 8 е што другите прелистувачи се жалат дека се спречени да функционираат на двата мода на новиот OС, стандарден и Metro мод, додека IE 10 е целосно оптимизиран.

Овие услови од Microsoft треба да ги исполнуваат до 2014 година и тоа во сите следни верзии на Windows. Од ЕУ велат дека овој случај е отворен уште во април годинава, откако забележале дека Microsoft воопшто не ни почнал со примена на тоа што се договориле. Доколку Microsoft не ги задоволи условите на ЕУ, компанијата ќе заработи казна од 5,7 милијарди евра.

За жал, овој договор се однесува само на земјите во Европската унија. Македонија не е дел од Унијата, па не е сигурно дали и тука корисниците ќе имаат избор на прелистувач, кој е потребен бидејќи над 95 отсто од македонските корисници користат Firefox или Chrome.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

5 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top