Хакер хакна Kinect за да комуницира со мајка му која страда од мозочен удар

Oткако се навикнавме хакерите да ги спомнуваме во негативен контекст, доаѓа навистина прекрасна приказна за Чад Рубл кој го хакна контролерот на Microsoft Kinect за да и помогне на неговата мајка. Г-ѓа Рабл по мозочниот удар страда од Aphasia поради која не може да комуницира.

„ Пред 12 години мајка ми страдаше од мозочен удар, од тогаш таа страда од афазија. Во меѓувреме имаше револуционерен напредокот во комуникацијата поттикнат од друштвените медиуми. Како и повеѓето луѓе, и јас го користам телефонот помалку. Една од моите областите на интерест е да го премостам јазот помеѓу дигиталната тастатура за луѓето како мајка ми. “, вели хакерот.

[youtube]xWG7edyw7B8[/youtube]

Благодарение на хакот неговата мајка сега може да испраќа едноставни пораки преку имејл. За ова тој го искористи Kinect со SimpleOpenNI библиотека за процесирање и код за препознавање на гестови, кој ја следи позицијата на раката. Интерфејсот на „помошникот“ е едноставен со повеќе икони со кој се опишува емоционалната состојба на г-ѓа Рабл, а најдолу се поставени и икони со кој се одредува „износот“ на емотивната состојба. На пример, со втората икона во вториот ред се избира „среќен“, а во третиот ред се избира третата икона која би претставувала „многу“. Пораката која се испраѓа е дека г-ѓа Рабл е многу среќна.

За во иднина хакерот најавува дека ѓе додаде нови икони за емотивна состојба, но и дека ќе треба да се решат некои технички проблеми кои ги увидел додека неговата мајка ракува со уредот. На пример, треба да има повеќе простот помеѓу иконите за да не дојде до погрешно селектирање. Исто така треба да се олесни стартувањето на програмот за г-ѓа Рабл да може самостојно да го вклучува.

Приказната е одличен пример за тоа како едноставна иновативна примена на технологијата може да им го олесни животот на луѓето кој страдаат од сериозни физички нарушувања, но  е и одличен пример како хакерите можат своите вештини да ги користат креативно.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
1 Коментар
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] на World of Warcraft; контрола со движење на Gmail, помагало за комуникација по мозочен уред, помош за движење на лица со оштетен вид. Дури и на […]