Microsoft го промени своето лого по повеќе од две декади. Логото кое сега е многу поедноставно (и покоцкасто) се појавува само месец пред да започне продажбата на новиот Windows 8. Овој оперативен систем е оптимизиран за таблет компјутери, пазар на кој Microsoft се вклучува и со свој уред – Surface. Можеби коцкастото лого треба да наликува на таблет компјутер, најавувајќи ја пост-PC eрата?
„Квадратчињата во боја на симболот се наменети да го демонстрираат компаниското портфолио на различни продукти.“, вели Џефри Мејснер од Microsoft.
Што мислите вие, ви се допаѓа?
[youtube]OzkZWvAJUr0[/youtube]
Коментари
2 коментари
Коментарите се затворени.