Според резултатите на студијата на институтот Milken, за секои 10 отсто поголем развој во информатичката и комуникациската технологија, бројот на луѓе со прекумерна тежина за држава со 300 милиони жители се зголемува за 4,2 милиони. На кратко, технологијата не прави подебели.
Истражувањето го потврдува очигледниот проблем, односно се повеќе време поминуваме пред екраните, со што се намалува времето кое го користат за вежбање или прошетки. Дополнително со намалување на времето за готвење, време кое го поминуваме на компјутер, се допринесува кон понеквалитетна исхрана, и последователно кон дебелеењето. Споредено со 2002 година кога во просек се поминуваа по 40-тина минути пред компјутер, денес, според инфографикот на Bestedsides, денес поминуваме по 4 часа во просек. Тука воопшто не се смета и времето пасивно поминато пред телевизор.
За жал, прекумерната тежина предизвикува низа медицински проблеми, но и пропратни болести. Доколку немате воља за вежбање, експертите препорачуваат прошетки, бидејќи и краткотрајните значително ја намалуваат тенденцијата кон дебелеењето.
