3 коментари 2 мин. читање 13 август, 2012

Само 2 отсто од луѓето се „мултитаскери“, другите губат на продуктивност (инфографик)

Дали кликате на Facebook, пишувате мејл и комуницирате на Skype додека гледате телевизор? Скоро 42 отсто од американците пребаруваат на интернет додека гледаат телевизор, 29 отсто кликаат на мобилен, 45 отсто ќе проверат имејл преку мобилен додека се во кино, а 67 отсто додека се на состанок, ни открива новиот инфографик на OnlineCollege.org.

Но, иако ви се чини дека тепате две (или неколку) муви со еден удар, сепак „мултитаскингот“ не е продуктивен бидејќи го одвлекува вниманието, или просечно по 2,1 работни часа дневно се губат на него. Всушност според некои студии, новопристигната порака го има истиот ефект врз вниманието како да не сте спале, односно е двојно полошо отколку да пушите марихуана.

„Секој е мултитаскер, но тоа што луѓето не го сфаќаат е дека мултитаскингот не функционира. Истражувања покажаа дека само 2 отсто од луѓето се способни за успешен мултитаскиг, иако тоа не ги спречува останатите 98 отсто да се обидуваат.“, вели OnlineCollege.org.

Multitasking Infographic

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
bate mile
bate mile
13 years ago

Za kogo kako jas probuvam da vlezam na forum so samsungov ali tesko mi ide

мултитаскинг
мултитаскинг
13 years ago

Незнам за вас, ама јас можам да играм Дота (да ме тепат ко магаре) и да зборам на телефон онака релаксирано аха, да, ок, важи – и гледам да го завршам разговоро побрзо :Д

А за то во киното, то не е мултитаскинг, то е чиста глупост или филмо е најверјоатно глуп :)

п.с. он топик: другар мој се праеше паметен и пред 1година ми вика мултитастинг… демек бил опасен.
Јас – како рече?
тој – мултитастинг..
јас – ха ха ах ха аха хаха… МУЛТИ ТАСКИНГ Е ЕБАГО :) Multi tasking :)

бобче
бобче
13 years ago

Добро пренесена вест

Мени
Заедница
Изглед
To top