Вчера, Sony конечно го прикажа нивното решение за иднината на гејмингот. Видовме како ќе изгледа конзолата и дел од она што ќе се игра на неа. Не се спомена за цената на конзолата и за точниот датум на излегување. Она што знаеме е дека при крајот на 2020 година ќе се продаваат две верзии на PS5, од кои едната верзија ќе биде без можности за користење дискови и се вика PS5 Digital Edition (ќе може да се играат само дигитални игри).
26 игри беа откриени, или потврдени на вчерашниот настан. Само дел од нив ќе излезат истиот ден како и конзолата. Одиме првин со најавата со предметот кој би можел да ја краси вашата соба во наредните 5 години.