Ви треба нова графичка? Ова се дел од најдобрите

Avatar img-thumbnail img-circle

во Хардвер

Пандемијата на коронавирус ги зафати сите сектори. Хардверот е супер редок, а се од видеоигри до конференции за девелопери е поместено или откажано.

За среќа или несреќа времето кога разликата од една до друга генерација хардвер е поминато, па дури и кога ќе биде достапен не е веројатно дека ќе има огромен скок. Една од компонентите без кои може да поминеме, но секако нема да биде подеднакво забавно се графичките картички. Најчесто го користиме за видеоигри, но има и куп процеси од уредување на видео содржина, до рударење криптовалути за кои добра графичка картичка значително го скусува периодот на работа.

Најави за нови графички картички

Иако нема официјални податоци, Nvidia наскоро би можела да претстави нова серија на Amperе графички картички. Протекувањата од компанијата се почести, и по ова може да се насети дека наскоро би можеле да очекуваме и нова генерација на графички картички од Nvidia.

Претпоставките се дека картичките на Nvidia, но и следната серија на AMD графички картички излегуваат во септември.

Од она што е најавено во овие неофицијални податоци founders-едицијата ќе има 3 модели. RTX 3080, RTX 3080Ti и RTX 3090 Ti. Вообичаено овие картички од Founders едицијата кои ги произведува Nvidia, а не партнери се значително поскапи од картичките кои потоа ги произведуваат ASUS, Gigabyte, MSI и слично. Според некои првични проценки цената на новите картички на Nvidia би можела да се движи од 500 до 1200 долари, што секако не е занемарливо и ќе биде добар дел од буџетот за евентуален компјутер во кој би инвестирале.

Трите картички доаѓаат со GA 102 графички процесор и со засега ненајавена GDDR6X меморија. Процесорот има максимални 7552 CUDA јадра, што веројатно ќе биде ексклузивно за професионалните картички од Titan серијата. Имајте предвид дека ова се неофицијални податоци, а за процесорите сме виделе куп различни податоци, од 4352 до 5376 CUDA јадра. Картичките ќе имаат 10, 11 и 24 GB меморија во зависност од моделот.

https://www.reddit.com/r/nvidia/comments/gyyw9s/rtx_3080_leak_cooling_interpretation/

На Reddit веќе може да видиме рендери кои го покажуваат изгледот, но и детална фотографија на ладилникот на графичката картичка. Од она што можеме да го забележиме картичката има помалку чуден изглед, или барем сме ненавикнати на него. Двата вентилатори за ладење се од различна страна на плочката, но и за самиот изгледа на картичката е потребно навикнување.

https://www.reddit.com/r/nvidia/comments/h07cxn/rtx_3080/

Nvidia не е единствената компанија која наскоро ќе претстави нова серија графички картички. Истото го очекуваме и од AMD. Компанијата навести дека е можно да ја зголеми видео RAM меморијата од 4 на 8 GB во иднина. Ова е главно предизвикано од подобрите перформанси на графичките картички, дури и на 1080р со повеќе меморија.

AMD во својот блог пост забележува дека повеќе VRAM може да ги зголеми перформансите за 24%. Дел од грешките кои се предизвикани се намалување на фремјерт, запирање на движењето, проблеми со текстурите и пораки за грешки. AMD излезе и со график за тоа како дуплирањето на меморијата влијае на перформансите на RX 5500 XT на неколку игри.

Што подготвува AMD?

Пред неколку месеци веќе знаеме дека AMD работи на нова серија Navi графички картички. Серијата Navi веројатно во моментов е најдобрата која може да ја купите, но компанијата подготвува неколку нови, кои го добија името „Big Navi“.

Картичките требаше да излезат оваа година, но AMD се подготвуваше за крајот на 2020, а епидемијата можеби и помести нешто од првите планови.

Она што го знаеме сигурно е дека следната генерација Navi ќе биде 7nm и 7nm+ и непотврдено оваа година доаѓа најавениот Big Navi чип.

Графичките ќе бидат наменети за гејмерите кои претпочитаат или барем им е поважно да играат на 4К резолуција. И иако голем дел од хардверот сè уште е тајна, некои тестови од крајот на минатата година покажуваат импресивни резултати. Картичката би можела да има и два пати подобри перформанси од 5700 XT, иако ова делува неверојатно.

Што сега?

Ако не ја чекате новата серија графички картички има неколку модели кои се примамливи, а ако не ви се цел 1440р или 4K резолуцијата и цената не е премногу висока.

Nvidia GeForce GTX 1660 Super

Nvidia GeForce 1660 и 1660 Ti се графички картички наменети за 1080р резолуција и овие серии се и повеќе од доволно моќни за оваа резолуција, сепак на оваа серија и е додадена Super картичката која е една од најдобрите картички, ако не и најдобра за HD гејминг во моментов.

GTX 1060 Super доаѓа со 1,408 стрим процесори; процесор на: 1,530MHz (1,785MHz boost); 6GB GDDR6 меморија.

Цената на моделите кои се достапни во Македонија е некаде од 15 000 денари до 18 000 денари во зависност од производителот.

Nvidia GeForce RTX 2080 Ti

GeForce RTX 2080 Ti е најмоќната гејминг графичка картичка на Nvidia и нјамоќната 4K графичка картичка. Секако ова значи дека зборуваме за скапа картичка која значително ќе ви го оптовари буџетот.

Доаѓа со 4,352 процесори; 1,350MHz работна фреквенција (1,635MHz boost); 11GB GDDR6; 3 дисплеј порти, една HDMI 2.0 и USB-C порта. Картичката има потполна поддршка за Raytracing, но цената и достига и над 80 000 денари, што за најголем дел од ентузијастите е премногу.

AMD Radeon RX 5700

Перформансите на RX 5700 не се наменети за 4К гејминг и картичката не може да го симне од тронот „ѕверот“ на Nvidia, но во средната класа нема подобра картичка. Додајте на ова дека RX 5700 има одличен и веројатно најдобар однос на перформанси и цена и ќе ја дискутабилно најдобрата картичка на листава.

Графичката има 2,304 стрим процесори; работна фреквенција 1,465 MHz (1,725 MHz boost); 8GB GDDR6.

Цената за која е достапна картичката се движи од 24000 до 30 000 денари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
1 Коментар
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] и визуелно. Ова секако беше јасно уште од самото протекување на првите податоци и слики. Променето е и напојувањето на картичките за кои сега […]

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Designer

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

Matrix IT Global Services Macedonia

Junior Technical Support Specialist

види ги сите огласи на kariera.it.mk