0 коментари 2 мин. читање 3 август, 2012

ИТ настан: Летен курс за програмирање CODE@FEIT 2012

Code@FEIT е летен курс наменет првенствено за идни и сегашни студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) без претходно програмерско искуство, но ќе биде отворен за други заинтересирани без разлика на старост, претходни познавања и професионална определба, секако со одредено ограничување на бројот на слободни места.

Во осум работни денови со три часа активности, слушателите на курсот ќе имаат можност да се запознаат со основите на програмирањето и дизајнирањето на алгоритми. Два часа секој ден ќе бидат искористени за предавања, а еден час ќе биде посветен на гостин, од факултетот или од компанија од релевантна област, кој ќе сподели свои искуства од својата досегашна работа и кариера. Целта на Code@FEIT е да покаже нов пристап кон програмирањето и да ги мотивира сите ИТ ентузијасти да учат да програмираат и да креираат софтверски апликации.

Курсот ќе се одвива во просториите на Факултетот за електротехника и инфоррмациски технологии (ФЕИТ) во Скопје, секој работен ден од 10 до 13 часот почнувајќи од 13-ти Август 2012 до 22-ри Август 2012 година.

За подетални информации за Code@FEIT посетете ја веб страната на ФЕИТ.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top