0 коментари 2 мин. читање

Училиштата купуваат двојно повеќе iPad-и oд Mac компјутери, вели Apple во својот финансиски извештај

Покрај продадени 26 милиони iPhone телефони, 35 милијарди долари приходи и 8 милијарди долари профит, финансискиот извештај за третиот квартал на Apple кријат интересен податок за продажбата на Mac и iPad. Аpple објави дека училиштата и центрите за образование купуваат два пати повеќе iPad отколку Mac компјутери. Брзината со која се прифаќа iPad во училиштата е изненадување и за директорот на компанијата, Тим Кук, кој вели „не сум видел волку брзо прифаќање во минатото“.

Apple објави дека од 17-те милиони продадени iPad-и во последниве три месеци, еден милион се продадени na американските образовни институции, што е двојно повеќе од рекордната продажба на Mac компјутери на училиштата. Забележан е и голем интерес за iPad 2 од децата помлади од 13 години. Инаку, вкупно се продадени 4 милиони Mac компјутери.

[youtube]24R1QJAXL4s[/youtube]

Apple подолго време инвестира во користењето на нивните уреди во образованието. Последните бројки се само конечен доказ за корисноста на таблет компјутерите во образованието. Дел од карактеристиките кој ги прават овие уреди одлични за образованието секако се поради хардверот, но не смее да се заборави и целосната посветеност и инвестирањето на Apple за зголемување на библиотеката, но и за додавање на останати корисни содржини.

Продажбата на Apple во третиот квартал е опадната, а експертите тврдат дека овој тренд ќе продолжи и во последното тримесечие годинава. Иако продажбата на iPad е зголемена за 84% за iPad и 2% Mac во однос на истиот период минатата година, намалената продажба на iPhone ја намалува вкупната заработка. Можеби нештата ќе се променат кога ќе биде објавен iPhone 5.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top