2 коментари 3 мин. читање 25 јули, 2012

Програмирајте го интернетот да ви робува

Денеска постојат милиони апликации, друштвени мрежи и сервиси што нудат огромен спектар на можности и пристапи да направите буквално се. Но, сепак поврзаноста меѓу тие апликации, е сè уште во рана фаза. Различни компании создаваат голем број на сервиси, а нивните апликации не се синхронизирани за да ги искористите максимално ефективно и брзо. IFTTT.com е многу потребниот фластер за овој проблем.

Веројатно веќе сте запознаени со опцијата на Photoshop да автоматизира некои задачи, или апликацијата на Apple што е присутна во OSX наречена Automator, со која можете да направите автоматски да се извршуваат процеси како на пример да се отворат куп фотографии, да им се смени името и да се постават во посебни папки.

IFTTT.com работи на многу сличен начин, претворајки ги најдосадните задачи што во спротива би ви ја уништиле душата од репетитивност, во автоматски процеси што самите си се извршуваат, и тоа во првиот момент кога ќе се случат. Кратеницата IFTTT се состои од “If This Then That”, што е најосновен програмерски концепт, но ова не е „вистинско” програмирање, туку едноставно и брзо кликање на листи и икони. Секој може да си направи автоматизирана задача за IFTTT.com. Овој сервис поддржува 47 различни интернет апликации и сервиси, значи популарниот дел од интернет е веќе покриен.

Одличен пример за тоа како може да се користи овој сервис е кога ќе програмирате да ви прати електронска пошта точно во моментот кога одредени акции ќе скокнат, или кога температурата во вашиот град ќе се спушти многу ниско.

За тие што немаат време или волја да програмираат автоматизирани задачи со IFTTT.com, тогаш постои „лесна” верзија каде што можете да искористите рецепти што други луѓе ги направиле, а вас ви изгледаат како корисни. Но длабоко ви препорачувам рачно да си направите задача затоа што корисничкиот интерфејс е толку лесен и пријателски направен што веројатно ќе почувствувате потреба да го викнете на кафе иако се работи за интернет апликација.

Еве неколку потенцијални начини да го користите IFTTT.com за инспирација:

  • Секој пат кога ќе поставите освежување на Facebook фотографија, IFTTT.com ќе ја прати истата на Dropbox за безбедно чување.
  • Секој пат кога ќе врне, IFTTT.com ќе ви прати електронска пошта да ве предупреди да си носите чадор..
  • Секој пат кога вашиот омилен Twitter пријател ќе твитне, да добиете електронска пошта.

Напишано од

Дамјан Цветков-Димитров

Дамјан Цветков-Димитров е дизајнер на игри и поранешен автор на IТ.com.mk. Има нездрава опсесија со интернет култура, нови медиуми, технологија, компјутерски игри, друштвени мрежи и електронска музика.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Дарко
Дарко
13 years ago

meet crond!

Dejan
Dejan
13 years ago

WB! o/

Мени
Заедница
Изглед
To top