Gather е апликација која ќе ви ја олесни организацијата на средби со вашите пријатели. Креатори на апликацијата се Макс Оден и Микаел Роџерс, кој е поранешен програмер во Yammer, CouchOne и Mozilla. Апликацијата е достапна за Android и за iOS, а може да ја преземете од GooglePlay или AppStore.
Gather не е нова друштвена мрежа, туку алатка која се интегрира со Facebook и Twitter, каде и ги објавувате вашите планови. Апликацијата е фокусирана на „плановите“ на вашите пријатели, па ако вашите пријатели се во близина ќе добиете известување. Се што треба да направит за креирањето на средбите со зборовите на г. Роџерс, е „да одберете во колку часот започнува средбата, лoкација од Foursquare и име за настанот“.
Сепак за да функционира ова и вашите пријатели треба да ја користат апликацијата. Покрај ова Gather работи на Android 4.0. За жал, бројот на луѓе со телефони со овој OS, значително ќе ја намали бројката на пријатели кои можат да ја користат оваа апликација. Сепак според програмерите, групата која имаат Android 4.0 е нивната прва целна група, бидејќи тоа се луѓето кој рано ги прифаќаат новитетите.