5 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: Прв собир на корисници на Instagram во Скопје

Kако дел од светскиот ден на собири на корисниците на Instagram, во четврток на 26 jули 2012 година, во 17:30 часот во Зоолошката градина во Скопја ќе се одржи и првиот собир на „инстаграмџии“ од Македонија.

Несомнено е дека сите заинтересирани кои ќе дојдат на дружењето ќе имаат одлична прилика да направат прекрасни фотографии од животните и посетителите на Зоолошката градина. Сите тие фотографии, како и информации за настанот може да ги следите преку локалниот хаш-таг @InstameetSkopje, или пак да ги следите интернационалните настани преку хаш-тагот #Instameet на Twitter.

Instagram е популарна мобилна апликација за iOS и Android преку која скоро 50 милиони корисници споделуваат фотографии кои се уредени со бројни филтри. Две години стариот Instagram со само 14 вработени од пред некоку месеци беше купен од Facebook за неверојатни 1 милијарда долари.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

5 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top