Од денес, 16 јули, е отворен конкурсот за третиот интернационален фестивал на филмови снимени со мобилен телефони, Мобиле Фестивал 2012. Конкурсот трае до 7 ноември, а ден подоцна ќе започне и фестивалот во Скопје под мотото „Секој може“.
На фестивалот може да се пријават сите филмови снимени со мобилен телефон. Покрај престижните награди во домашна и интернационална селекција, наградените филмови и авторите ќе добијат и промоција на фестивалот во Сан Диего.
Подолу се видета од победниците на претходните два Мобиле Фестивал. Првиот филм Everything is Money на Дукаѓин Борова е победникот од 2011-та година, а вториот Гумата и цртежот на Бојан Стојчевски e победникот од првото издание на фестивалот кое се одржа во 2010-та година.
[youtube]S9BmFQV45_I[/youtube]
[youtube]w-9sHtmX9Vw[/youtube]