0 коментари 2 мин. читање 16 јули, 2012

ДЛМ на ПивоФест во Прилеп

Игрите на среќа ги надополнија содржините на Пивоферст 2012. Штандот на Државна лотарија поставен во соработка со Мобилна продажба Tobako и покрај високите температури беше постојано полн.

Забавата со водителот Огнен Јаневски, музика, подароци за вредните играчи, бројни парични добивки, среќни лица, редици играчи кои за своите ситни пари играа за крупна шанса- ова беше сликата која Државна лотарија на Македонија ja приреди за прилепчани и посетителите на овогодинешниот Пивофест..

Ова е втора година на присуство на Државна лотарија на Македонија на Пивофест во Прилеп, а согласно интересот на публиката и големиот број играчи, ова дружење ќе прерасне во традиција.

Хит на штандот беа лозовите Твингоманија2, посебно што во близина на штандот беше поставен и атрактивниот автомобил Рено Твинго Тренд, кој ги мамеше погледите на минувачите и ги мотивираше играчите да се обидат да го добијат за само 40 денари. Покрај овој бестселер на штандот се нудеа и инстант лозовите Смајли, со бројни шанси за 35-те скутери од гамата на Рiagio, Среќни тркала со 20 Polo автомобили и Експрес лозот со главната добивка од 5000 evra.

Бројните помали парични добивки внеасоа вистинска живост и радост, секако надополнето со бројните подароци за верните играчи-маици, капи и други брендирани материјали.

Како и минатото лето, така и ова, Државна Лотарија на Македонија и Мобилна продажба Тобако ќе организираат повеќе промоции со можност за добивки, секаде каде во овие летни горештини граѓаните ја наоѓаат својата забавка и оддишка.

За добро!

Овој текст е платен ПР текст на Државна Лотарија на Македонија.
IT.com.mk не сноси никаква одговорност за содржините на истиот.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}