0 коментари 2 мин. читање 2 јули, 2012

Guild Wars 2 стартува во август, но ќе може ли да и конкурира на WoW?

NcSoft и ArenaNet ни открија дека новата MMO игра Guild Wars 2, на која се работеше скоро пет години, ќе стартува на 28 август. Долгоочекуваната Guild Wars 2 сигурно ќе го привлече вниманието на бројните гејмери кои сакаат вакви RPG игри сместени во фантазиски светови, а компаниите ќе се надеваат да го повторат успехот од првата оригинална игра која продаде седум милиони копии.

Но, многу MMO-а излегоа во последниве шест години, но ниту една не успеа да и се доближи на WoW, која иако стартуваше во 2004-та година, сè уште има над 10 милиони корисници. Оваа база на играчи ќе порасне повторно кога на есен ќе биде објавено и четвртaта експанзија Mist of Pandarian.

Можеби има надеж за Guild Wars 2. Освен подобрената графика, играта ќе го следи финансискиот модел на првото продолжение. Нема да се плаќа месечна претплата, како што е примерот со конкурентите, но ќе треба да се купи копија (околу 60 евра) и ќе има микротрансакции.

[youtube]t-CB0hheQRg[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top