IBM изработува апликација со проширена реалност која ќе го олесни пазарењето

IBM најави апликација со проширена реалност која ќе им го олесни купувањето на заинтересираните посетители во продавниците. Продуктот, кој е дело на развојниот тим на IBM од Хаифа, Израел, ќе ги спојува информациите за продуктите и сликите кои вие ги гледате. Софистицираниот софтвер на IBM ќе ја анализира сликата од камерата и откако ќе утврди за кој продукт станува збор ќе ги прикаже податоците за продуктот, заедно со препораки и совети од другите корисници што ќе им помогне на купувачите да испазарат.

За целосна функционалност корисниците ќе треба да направат свој профил, да  внесат податоци од типот на: храна на која се алергични, дали бараат продукти со малку шеќер,  омилените продукти и слично. Потоа се што треба да се направит е да се насочи камерата од телефонот или таблет компјутерот, и да се прочитаат информациите кои ви ги испраќа апликацијата на екранот. Дополнително може да се интегрира апликацијата со податоците од друштвените мрежи. Вака ќе може да се види и дали пријателите го препорачѕваат продуктот.

Лоша вест е што апликацијата ќе ги добива податоците кои се зачувани во компјутерот на продавницата, но само ако продавницата ја користи „IBM Smarter Commerce software“ услугата. Ова ќе ги направи податоците на кутиите кои се на задната страна како на пример, составот, но и препораките на конзументите да бидат многу поважни отколку сега. Се разбира се ова ќе се промени доколку апликацијата почне да објавува спонзорирани резултати.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments