Покрај највисоката победа во финале на Европско првенство, годинашното EURO 2012 постигна и рекорд на Twitter. Бројката од 15.358 твитови во секунда е нов рекорд за било кој спорт кој се коментирал во реално време на Twitter. Рекордот е постигнат истовремено со четвртиот гол на Шпанија.
Во својoт пост Twitter соопшти дека во време на финалниот меч се испратени околу 16.5 милиони пораки. Сервисот за микро блогирање сподели сподели и одличен график за споменувањата на секоја од репрезентациите во текот на првенството.
Една од причините зошто Twitter го забележа овој рекорд, и се поголемата популарност се и секако личните твитови на фудбалерите кои освен што коментираат натпревари, играчи, голови и потези на својот профил, објавуваат и фотографии кои даваат нов аспект на како го доживуваме фудбалот.
Great! This is amazing! This is for everybody, you deserve it! twitter.com/andresiniesta8…
— Andrés Iniesta (@andresiniesta8) July 1, 2012








