0 коментари 1 мин. читање

Google Maps Coordinate ги организира вработените според нивната локација

Google стартува нов Maps сервис преку кој бизнисите ќе можат да го следат движењето на своите вработени на терен и полесно да им задаваат задачи според најблиската локација.

Maps Coordinate ќе им овозможи на бизнисите да заштедат на време, вели Google, и полесно да го искомуницираат работните обрвски меѓу вработените кои се на терен и кои ќе добиваат нотификации преку Android телефони и таблет компјутери. Сервисот доаѓа со свое API кое може да се интегрира во постоечки систем.

Локацијата на вработените се следи во реално време, Coordinates дури е интегрирана со Google Indoor Maps, и ги собира сите податоци за движењата. Има опција за креирање на тимови, за менаџирање на обврските и да се прегледуваат претходните работи и локации за полесно визуелизирање.

[youtube]0fluKWYRC_w[/youtube]

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top