2 коментари 1 мин. читање

Facebook Olympics Hub ги здружува атлетичарите и корисниците

Facebook го стартува Olympics Hub преку кој корисниците можат да ги најдат фан страните на сите атлетичари и на разните тимови и федерации на омилениот спорт.

Страната на Facebook е едноставна и е налик на веб сајтот кој го стартуваше Олимпискиот комитет преку која може да се најдат друштвените профили на атлетичарите. Ја имате листата на сите спортисти и организации и доволно е само еден клик за да ја „лајкувате“ нивната официјална страна и да започнете да ги следите најновите информации.

Со друштвените мрежи на кои скоро секој атлетичар има профил, корисниците ќе можат да имаат внатрешен човек кој може да сподели поинаков и личен аспект на игрите. Но, само доколку им дозволи Олимпискиот комитет кој има одредено правила и забрани за споделување на слики и видеа од внатре во официјалните олимписки објекти.

Секако, поуспешните спортисти ќе добијат и повеќе фанови, што за нив е одлична промоција.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top