6 коментари 1 мин. читање

Железничката станица во Скопје доби бесплатен Wi-Fi

Од денес на пероните на железничката станица во Скопје патниците ќе можат да се конектираат на бесплатен безжичен интернет. Се очекува наскоро македонски железници „Инфраструктура“ да обезбеди и бесплатен Wi-Fi и на другите железнички станици во Македонија.

„Бенефитите кои ги овозможува една од најмодерните оптички мрежи кои се инсталирани на железниците во регионот на Југоисточна Европа, се дел од плановите и следните проекти кои ќе се спроведуваат во железничката инфраструктура.“, вели МЖ Инфраструктура.

Според јавната компанија, со реконструкцијата која следи и со имплементација на овој проект железничката станица Скопје „ќе го врати сјајот по кој беше препознатлива и ќе го добие посакуваниот европски лик.“

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

6 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top