0 коментари 1 мин. читање

Популарните теми на Twitter ќе бидат персонализирани според локација

Twitter ги претстави Tailored Trend, oдносно сега ќе ви прикажува популарни теми кои ќе бидат персонализирани според локацијата на корисниците. Темите ќе бидат од актуелни хаш-тагови до локални вести.

Но, доколку корисникот сака да ги разгледа темите кои се популарните ширум светот, ќе може да одбере поединечни земји. Оваа новина доаѓа месец дена по подобрување на Discovery табот за наоѓање на релевантни приказни и содржина.

Tailored Trends постепено стартуваат од денес со опција да бидат исклучени доколку некој не сака да ги добива локалните вести. Популарните теми ќе бидат достапни преку twitter.com и на iOS и Android.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top